Многу приказни во The Hub започнаа со кафе.
Оваа ќе започне со чаша вино
Во пријатна атмосфера, со добро друштво и внимателно избрани македонски вина, ве покануваме на Wine Class & Tasting вечер каде што ќе откриваме вкусови, приказни и мали вински тајни што отсекогаш сме сакале да ги знаеме.
- Зошто се врти чашата?
- Како да препознаеш постаро од помладо вино?
- Што навистина значи “barrique”?
- Дали потешкото шише значи подобро вино?
- Што е разликата помеѓу prosecco и champagne?
- Какво вино пиеме кога јадеме паста?
На ова Wine Class & Tasting искуство ќе дегустираме 5 внимателно избрани македонски вина — од лесни и свежи, до комплексни и полни вкусови. За секое вино ќе ја откриваме приказната за винаријата, регионот и сортата, додека учиме како правилно да ги препознаеме бојата, аромите, вкусот и завршетокот на виното.
Дегустацијата ќе ја води Наташа Бреслиска, долгогодишен експерт за вино, маркетинг и продажба во винската индустрија, меѓународен вински судија и човек со богато искуство со домашни и странски винарии.
Ова не е само дегустација. Ова е вечер за љубопитност, разговори, нови вкусови и добро друштво, а дома ќе си одиме побогати и следниот пат ќе знаеме да направиме добар избор на вино во ресторан, винотека или за подарок.
Детали
- 5 македонски вина
- some snacks
- Времетраење: 1.5 час
- Дата: 11.6.
- Време: afterwork, 5:30 pm
- Цена: 1900 денари
Бројот на места е ограничен, резервирај си место навреме.